Пакетчиња за децата со посебни потреби
25.12.2017 20:23
| KumanovoNews
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и претседателката на советот Атина Мургашанска, денеска однесоа пакетчиња на децата со интелектуална попреченост во двата дневни центри.

„Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите кои работат во дневните центри за лица со попреченост, бидејќи мора да се изнајде долгорочно решение за сите оние граѓани во нашата општина, кои не се вклучени во проектните активности на дневните центри, а ги има многу“, - изјави Димитриевски.
Тој го повика надлежното министерство да издвои повеќе средства за сместувачки капацитети и проекти за лицата со попреченост.