×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пакетчиња за учениците со посебни потреби во „Браќа Миладиновци“

    28.12.2017 09:28 | KumanovoNews

    Дедо Мраз однесе пакетчиња на дечињата со посебни потреби, кои посетуваат настава во основното училиште „Браќа Миладиновци“.

    Пакетчиња за учениците со посебни потреби во „Браќа Миладиновци“

    Вчера 55 пакетчиња даруваше компанијата Визијана, а пред неколку дена подароци однесоа и од невладината организација „Крепост“.

     „Не можам да ви ја опишам радоста на овие дечиња кога го видоа Дедо Mраз со подароците. Во посебните паралелки се главно деца од загрозените семејства, кои поради својата социјална состојба не се во можност да им купат ни по едно пакетче. За среќа има добри луѓе кои се сетија на нашите ученици и им ги разубавија празниците“, - изјави Марина Манојловска, директорка на основното училиште „Браќа Миладиновци“.   

    Таа додава дека денеска ќе се одржи новогодишна приредба на која ќе се поделат подароци на децата со посебни потреби донирани од нивните другарчиња и професори од училиштето.