Пакистанци ограбиле Ирачани
22.01.2016 13:17
| KumanovoNews
Ноќеска по полоќ во транзитниот камп-Табановце шест државјани на Ирак пријавиле дека биле нападнати и ограбени во селото Лојане.

Разбојништво се случило вчера околу 10.00 часот, а го го извршиле лица од Пакистан кои исто така престојуваат во Лојане. Напаѓачите претходно им се заканувале, а потоа им одзеле од 1000 до 2000 евра од секого посебно.
СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.