Патник во автобус се обидел да прошверцува девизи
20.10.2015 08:12
| KumanovoNews
Минатата недела патник во автобус е спречен во обид да прошверцува девизи на граничен премин Табановце.

При личен претрес и контрола на патната торба на македонскиот државјанин се најдени 7000 евра. Патникот бил во македонски автобус што сообраќал на релација Скопје – Дортмунд, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во џебот од тренерката на патникот се пронајдени 11.000 евра, а во неговата патна торба уште 3.000 евра. На патникот му се вратени 7.000 евра бидејќи за нив поседувал документ за потекло.