Пазарел во трафика со лажна банкнота од 2000 денари
08.10.2018 06:34
| KumanovoNews
Непознато лице со фалсификувана банкнота од 2.000 денари платил во трафика на улица „Борис Кидрич” во Куманово.

Како што информира МВР, случајот во Полициска станица Куманово го пријавил сопственикот на трафиката Д.Г.(35), дека од страна на непознато лице е платено со фалсификувана банкнота од 2.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.