Педесетина кумановци завршија обука за негуватели и сметководство
Сертификати за сметководители, негователи за стари лица во домашни услови и претпримеништво, добија педесетина кумановци, кои завршија обука во Центарот за вработување Куманово.

Обуките се реализираат преку ИПА проектот за поддршка за вработување на млади кој што е финансиран од оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, а се спроведува преку Агенцијата за вработување.
„Лицата се до 29 годишна возраст и треба да се се евидентирани како невработени лица, активни баратели на работа пред објавување на огласите за соодветни обуки, - изјави, в.д. раководителот на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.
Со обуката на ниво на државата се опфатени 440 лица, од кои 220 се обуки за напредни компјутерски вештини, а 210 за дефицитарни занимања, барани на пазарот на трудот на локално ниво.