Мени

Пензионерите ќе ја играат “Сомнително лице“ во Прилеп

19.08.2015 10:49 | KumanovoNews

Здружението на пензионери Куманово во вторник ќе ја игра претставата “Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во Прилеп.

Пензионерите ќе ја играат “Сомнително лице“ во Прилеп

Претставата трае 2 часа, а во неа учествуваат дваесетина актери. Се работи за комедија која обработува актуелна тема. На пензионерите ова им е шести проект во чест на 150 години од раѓањето на Нушиќ. Досега претставата е играна во Куманово и Кочани. Секоја година Здружението на пензионери Куманово подготвува по една театарска претстава.