×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Перо Наков” дел од европски проект за воннаставни активности

    19.10.2017 13:58 | KumanovoNews

     Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово, заедно со уште три партнер училишта од Литванија, Полска и Романија ја реализираа третата предвидена мобилност како дел од проектот „Учење преку воннаставни активности “.

    „Перо Наков” дел од европски проект за воннаставни активности

    “Станува збор за образовен проект поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и програмата Еразмус плус. Проектот подразбира реализирање часови надвор од училница на еден поинаков и некласичен начин. Ваквото учење преку воннаставни активности дава можност на учениците и наставниците да ги развиваат своите комуникациски и професионални вештини и да ги прошируваат своите знаења“,- вели Фросина Милошевска, професор по македонски јазик и литература во СОУ „Перо Наков” .

    Домаќин на третата обука беше училиште од Маков, Полска, на која присуствуваа ученици и наставници од Куманово.

    „Бевме вклучени во интегрирани часови по повеќе наставни предмети, како полски јазик и литература, спорт, хемија, биологија, музика, историја. Часовите се реализираа надвор од училница, односно во галерија, музеј, спортски терени, парк , библиотека и други воспитно-образовни институции“, - додава Милошевска.