×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петковски:Ќе го вратиме угледот на општинскиот совет

    19.09.2017 20:19 | KumanovoNews

    ВМРО-ДПМНЕ ги промовираше кандидатите за советници на коалицијата „За подобра Македонија“ за престојните локални избори.

    Петковски:Ќе го вратиме угледот на општинскиот совет

    Претседателот на општинскиот комитет и носител на листата Драган Петковски, истакна дека се работи за исклучително важни избори за Куманово, поради што се предложени луѓе кои безрезервно ќе работат во интерес на граѓаните.

    „Нашата советничка листа ја сочинуваат истакнати луѓе од различни професии, претставници на сите генерации, секој со докажан кредибилитет, но пред се луѓе кои навистина го сакаат Куманово. Како советници ќе побараме подршка од сите граѓани на нашата општина, ветувајќи дека ќе успееме да го вратиме угледот на општинскиот совет како главен коректор на извршната власт, Совет достоен за почит кој ќе го крои главните одлуки од кои ќе зависи иднината на Куманово“, - изјави Петковски.

    Листата ја сочинуваат кандидати од коалиционите партии ДПСМ, СП, ГРОМ, МААК, Сојузот на Ромите и др.