Петмина амбасадори во пријателска посета на Општина Куманово
Амбасадорите на Европската Унија, НАТО, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, денеска биле во посета на Општина Куманово.

Во соопштението од Општина Куманово се вели дека посетата била пријателска, а ја организирале граѓански здруженија.
- Денес Општина Куманово беше домаќин на дел од дипломатскиот кор. Средбата беше од пријателски карактер, а во посета беа амбасадорите на Црна Гора, Хратска, Словенија, Србија, Европската Унија и НАТО. Средбата беше проследена со настан oрганизиран од граѓански здруженија, кои се грижат за зачувување на кумановската традиција, каде што амбасадорите беа запознаени со локалните традиции, - стои во соопштението.
Неофицијално амбасадорите кратко се задржале во Општината, по што заминале во клубот „Коледари“ во Куманово.