×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петмина кандидати за градоначалник и 8 советнички листи во Куманово

    20.09.2017 08:59 | KumanovoNews

    Петмина кандидати за градоначалник и 8 советнички листи поднесени се до Општинската изборна комисија(ОИК) во Куманово.

    Петмина кандидати за градоначалник и 8 советнички листи во Куманово

    За функцијата прв човек на Куманово кандидати се: Максим Димитриевски од СДСМ, Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бесник Мемемти од ДПА, Дритон Сулејмани од БЕСА и Башким Османи од Алијанса на Албанците.

    Носители на листите со кандидати за членови во општинскиот совет се: Атина Мургашанска - СДСМ, Драган Петковски - ВМРО-ДПМНЕ, Валон Чоти -ДПА, Наиље Османи-БЕСА, Осама Мујадини- Алијанска на Албанците, Сотир Лоловски- ЛЕВИЦА, Џавиде Зимбери-Ебиби-коалиција Алијанса на Албанците(УНИТЕТ и НДП) и Фатмир Идризи- ДУИ.  

    Во Државната изборна комисија вчера беа извлечени редните броеви на кандидатските листи за претстојните локални избори. Редните броеви ќе бидат исти и за кандидатите за градоначалници и за советничките листи.

    ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата е број 13, СДСМ го извлече бројот 19, Левица 16, ДУИ 3, БЕСА 14, ДПА 15 итн.

    Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври.