Петнаесет предавања за пчелари
Оваа сезона за пчеларите во Куманово ќе се организираат 15 едукативни предавања, информираат од пчеларско друштво „Пчела“.

Предавањата ќе стартуваат во втората половина на ноември, а ќе се одржуваат секоја среда во 18 часот, во клубот “Х.Т.Карпош“. Предавањата ќе ги држат домашни и двајца странски предавачи од соседна Србија.
Пчеларите ќе се едуцираат за зазимување на пчели, болести кај пчели, производство на мед, матици и други теми кои се многу важни. Ќе имаме и теренска посета на пчеларник кај некој од нашите членови - рече Часлав Ристовски, претседател на „Пчела“.
Традиционално секоја година се одржуваат вакви предавања за локалните пчелари.