Петок и понеделник неработни денови
03.04.2018 10:14
| KumanovoNews
Велики Петок и вториот ден Велигден се неработни денови.

Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им ги честита празниците Велики Петок и Велигден.