Петта по ред „Поетско музичка вечер“
27.10.2015 09:37
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19 часот во малата сала, ќе се одржи „Поетско музичка вечер“ во организација на Друштвото на писатели Куманово.

Ќе бидат присутни наградените од литературниот конкурс кој го распиша Друштвото на писатели, за ученици од основните и средните училишта од општината. За авторите на најдобрите творби ќе има дипломи и книги. Пред присутните поезија ќе читаат десетина поети и 18 ученици, а ќе има и музички точки. Ова е петта по ред Поетско - музичка вечер во Куманово.