Пивтијада по 16. пат во Куманово
Мултимедијалниот центра Карпино утре во 12 часот, во ресторан Грација ќе ја одржи традиционалната манифестација Павтијада.

По 16 пат, по повод празникот Водици ќе се приготвува познатиот зимски специјалитет и ќе се избира најдобра пивтија.
„Манифестацијата традиционално има натпреварувачки карактер, а ќе учествуваат околу 20 натпреварувачки. За најдобрите ќе следуваат награди. Оваа година ќе приготвиме околу 500-600 чинии пивтии, од кои дел ќе бидат послужени на посетителите на манифестацијата, а околу 150 ќе однесеме во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, -изјави претседателот Зоран Павловски.
Членовите на Мото-клубот „Мечки“ ќе го предадат кумството на годинешните кумово Фото-клубот „Козјак“, а ќе следува и богата културно-забавна програма.
Манифестацијата ја организира Мултимедијалниот центар Карпино, Советот и градоначалникот на Општина Куманово и ресторан Грација.