Мени

„Планинско чудо: Неочекувано пријателство“ се прикажува во Куманово

08.06.2018 05:49 | KumanovoNews

Филмот „Планинско чудо: Неочекувано пријателство“, во режија на Тобијас Виман, од вечерва (08.06.18) во 20 часот ќе се прикажува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

„Планинско чудо: Неочекувано пријателство“ се прикажува во Куманово

Станува збор за филмска приказна, која минатата година се стекна со специјално признание на Берлинскиот филмски фестивал во категоријата на семејни филмови, а истата е изработена во германско-италијанска копродукција.

Филмската содржина, ја прикажува животната приказна на една девојка која, боледувајќи од астма, запознава пријател со кој тргнуваат во планинска авантура.

Улогите ги толкуваат: Денис Мошито, Сузан Борман, Јасмин Табатабаи, Миа Касало, Самуел Џирарди.  

 Филмот е добитник на 11 награди.

 Билетот чини 100 денари, може да се купи во билетарата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Филмот истовремено се прикажува низ шест киносали во Македонија.