Почина актерката Љупка Варџиска- Варџика
Во 85 година од животот, почина Љупка Варџиска - Варџика, драмски уметник и една од основоположниците на театарската уметност во Куманово, позната како мајката на Ленче Кумановче, која заедно со Ѓоко Николовски и Петар Тасевски – Зубче во 1953 година го формираа таканаречениот “Бивши театар” во Куманово.

Таа беше дел од првата генерација актери во Република Македонија од скопското Средно актерско училиште, заедно со некои од големите имиња како Дарко Дамевски, Љупка Џундева, Ацо Јовановски и други.
Зад себе има остварено забележителни актерски улоги во драми, комедии и детски претстави, но ќе остане запаметена по улогата на мајката на Ленче Кумановче и жена на Аџи Трајко, во познатата претстава – Ленче Кумановче - “Бегалка” од Васил Иљовски, изведена заедно со доајенот на кумановското глумиште Ѓоко Николовски и една извонредна актерска екипа која подолго време играше на театарските даски кои живот значат.
Нејзината првата артистичка ролjа ја има остварено на 18 годишна возраст во претставата “Покондирена тиква”, толкувајќи ја улогата на Фема. Покрај тоа има и епизодни улоги и во неколку филмски остварувања.
Куманово секогаш ќе и биде благодарно за нејзиниот допринос на полето на културата и поставувањето на темелите на кумановската драмска уметност.