×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина Добривоје Стошиќ, професор по српски јазик во пензија

    09.09.2021 11:18 | Сузана Николиќ

    На 84-годишна возраст вчера почина Добривоје Стошиќ, професор по српски јазик и книжевност во пензија и долгогодишен и посветен активист на српската заедница во Македонија.

    Почина Добривоје Стошиќ, професор по српски јазик во пензија

    Добривоје Стошиќ е роден 1937. година во село Света Петка - Кленике. Средно учителско училиште завршил во Врање, српски јазик и книжевност дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, а специјални студии завршил на Филолошкиот факултет во Белград.

    Својата професионална кариера ја почнал во 1958 година во Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, а ја продолжил како професор по српски јазик во ОУ „Вук Караџиќ“ во Куманово се до пензионирањето во 1999 година. Професорот Стошиќ е долгогодишен активист во српските здруженија. Повеќе од десет години ја водеше Српската заедница во Куманово, беше претседател на Српската заедница во Македонија, член на главниот одбор. Автор е и рецензент на многу книги, и учебници на српски јазик, а работел и како судски преведувач на српски јазик. 

    Погребот е денеска во 15 часот на Градските гробишта во Куманово.