×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна трката за претседател на СДСМ Куманово

    29.11.2017 11:15 | KumanovoNews

     Мартин Костовски и Горан Стојковски, се најсериозни кандидати бидејќи потврдија дека ќе се кандираат за местото претседател на општинската организација 

    Почна трката за претседател на СДСМ Куманово

     Отпочнува постапката за избор на новото раководство на општинската организација на СДСМ Куманово, по одлуката за распишување на внатрепартиските избори. Додека тече отворениот повик за самокандидирање за претседател, од попладне неколку тима ќе ги посетуваат месните одбори кои ќе достават предлози за членови на извршен и надзорен одбор.

    Самокандидирањето за претседател ќе трае до 4 декември, по што лидерот Зоран Заев ќе го именува претседателот на општинската организација, а  новиот претседател ќе направи тим од предложените кандидати. Утврдената листа од 18 членови за извршен и 5 за надзорен одбор ќе ја достави на гласање на Конференцијата на општинската организација и треба да добие подршка од мнозинството од 130 делагати.

      Целата постапка за избор на новото раководство треба да заврши од 20-24 декември.

    Како најсериозни кандидати за новата функција се досегашниот претседател Мартин Костовски и директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски, кои ни потврдија дека ќе се самокандидираат и ќе достават програма за работа за наредните 4 години.  

    Партиски извори посочуваат дека амбиции да го водат општинскиот огранок имаат и Александар Арсиќ, Томица Илиќ, Љубиша Николиќ, Даниел Стојчевски, Атина Мургашанска, Марјан Спасовски, Ненад Цветковиќ, Александар Владевски и други.

    Дел од нив веќе се членови во централните тела, а од партијата препорачале да нема акумулација на функции, па нивните шанси се помали, велат нашите извори.

    Мандатот на старото раководство заврши уште во јуни годинава, но беше оставено да ги спроведе локалните избори.