×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подароци за учениците во Старо Нагоричане

    07.02.2018 07:26 | KumanovoNews

    Директорот на Управата за унапредување на јазиците на заедниците, Милутин Станчиќ, на учениците од основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане им подари пакетчиња по повод празникот „Свети Сава“.

    Подароци за учениците во Старо Нагоричане

     Подароци со играчки и слатки добија 54 ученици од прво до петто одделение.

    „Многу сме благодарни што во Општината Старо Нагоричане и во училиштата по долги години наидовме на отворена врата за соработка. Планираме во наредниот период да ја интензивираме соработката и да помогнеме во подобрување на наставниот процес во изучување на српскиот јазик. За таа цел ќе организираме семинар во Педагошкиот факултет во Врање за наставниците од предметната настава и одделенските наставници од училиштата“, - изјави директорот Станчиќ.

    Во петок (9 февруари) училиштето „Светозар Марковиќ“ ќе го посети познатиот поет за деца и возрасни Власта Цениќ и на учениците ќе им подари книги, а ќе се организира и поетско читање. Планирана е посета и на училиштето „Браќа Рибар“ во Табановце.