Подметнат пожар во куќа во Куманово
24.06.2018 21:19
| KumanovoNews
Непознато лице вчера подметнало пожар во куќа на ул. „Драги Шутевски“ во Куманово.

Пожарот се случил околу 22 часот, во домот на Р.С. 65), кога непознат сторител со запалива течност ја испрскал влезната врата од куќата и ја запалил.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната против пожарна единица од Куманово.
По наредба на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од крим техника.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.