Поетски карван на ДПМ во Куманово
19.10.2015 12:09
| KumanovoNews
Во Центaрот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19 часот, ќе гостува Поетскиот карван на Друштвото на писатели на Македонија.

Пред кумановската публика ќе се претстават познати поети од Македонија. Карванот е по повод одбележување на 70 години јубилеј на Градската библиотека “Тане Георгиевски“. Јубилејот ќе се одбележува до крајот на октомври и ќе има уште две промоции на книги и час со познат писател во основното училиште “Наим Фрашери“.
Секоја година Поетскиот карван на ДПМ ги посетува градовите ширум Македонија.