×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицаец се самоповредил додека одземал нож од насилник

    03.01.2018 09:14 | KumanovoNews

    Полицаец вчера попладне си ја раскол дланката, додека одземал нож од насилник кој нападнал мајка и син во населбата Перо Чичо.

    Полицаец се самоповредил додека одземал нож од насилник

    Инцидентот се случил вчера околу 14.00 часот, во двор од куќа на ул. „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, кога Џ.С. (33), кој бил пуштен на домашно отсуство од Казнено поправната установа Затвор Скопје, почнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга Н.Р.(47).

    Тогаш нејзиниот син Р.Р. започнал да го турка Џ.С. и од масата земал кујнски нож продолжувајќи да се расправа со него. Џ.С. успеал да му го одземе ножот, а по кратко време, на местото на настанот дошла екипа од полициската станица Куманово. При обид да му го одземе ножот на Џ.С., еден полициски службеник се самоповредил, односно си нанел расекотина на дланката од левата рака.

    Џ.С. бил приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Идризово.

    Повредата на полицискиот службеник му била санирана од екипа на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.