×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Помен за српските авијатичари

    04.04.2018 12:11 | KumanovoNews

    По повод 77 годишнината од загинувањето на српските авијатичари на аеродромот Аџитепе, Амбасадата на Р.Србија, Српската заедница во Македонија-Куманово и Демократска партија на Србите во Македонија, утре во 12 часот ќе положи цвеќе на Споменикот на авијатичарите во Куманово.

    Помен за српските авијатичари

    Поменот се организира по повод годишнина од загинување на српските пилоти на аеродромот Аџитеме кај Куманово, за време на бомбардирањето на поранешна Југославија на почетокот на Втората светска војна.

      Осумте пилотите од Петиот ловечки полк на војската на Кралството Југославија, загинале на 6 април 1941 година во 4.30 часот на воениот аеродром Аџитепе од германската авијација, два часа пред бомбардирањето на Белград и почетокот на Втората светска војна на балканските простори.