Попладне врнежи од дожд и ретки грмежи
25.06.2018 09:48
| KumanovoNews
Пообилни врнежите ќе бидат во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Во Скопската Kотлина повремени врнежи се очекуваат доцна попладне и во текот на ноќта. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. УВ=5
Под влијание на циклонска активност до четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд.
Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м , а локално и над 75 л/м дожд.
Од петок времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура.