Поправка на столбовите за семафори во градот
03.07.2018 09:14
| KumanovoNews
Поради поправка на столбовите на кои се поставени семафорите , од денеска до четврток, ќе бидат исклучени семафорите на три раскрсници во градот.

„Поради реконструкција на искривени столбови за семафори, денеска ќе бидат исклучени семафорите на крстосница помеѓу ул. „III МУБ„ и ул. „Октомвриска Револуција„, утре на крстосница помеѓу ул. “III МУБ и Ул. “Перо Чичо” и задутре на крстосница помеѓу ул. „Октомвриска Револуција„ и ул. „Ѓорче Петров“, - соопштуваат од Општината.
Според динамиката за работа прекинот на нормалниот режим на работа на семафорите ќе трае најдоцна два дена.