Поради дефекти повеќе села без струја
11.10.2015 07:47
| KumanovoNews
Десет села во општините Куманово и Старо Нагоричане, утрово се без напојување со електрична енергија поради дефект електричната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.

Струја немаат жителите на селата Косматац, Мургаш, Пезово, Кокошиње , Кутлибег , К’шање , Старо Нагоричане, Младо Нагоричане, Бајловце и Бељаковце.
Екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектите.