Поради магла намалена видливостa во кумановско
Во Куманово од 50-100 метри е намалена видливост поради густата магла

Намалена видливост има и на повеќе патишта низ државата поради магла. Во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Битола 100-150 метри, Куманово 50-100 метри, Тетово 50-60 метри, Павлешинци 30-50 метри, Велес 100 метри, Катланово-Велес 100 метри и Отовица-Катланово 100 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.