Пороен дожд го зафати Куманово
Пороен дожд проследен со грмежи го зафати Куманово околу 15 часот.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), локална нестабилност со пороен дожд и грмежи има во западните и североисточните делови од земјава. Поизразени јадра има и во регионот на Кратово и Крива Паланка. Движењето на процесите е слабо и со правец од североисток кон југозапад.
Во наредните часови и понатаму ќе биде нестабилно во западните делови, како и во источните планински подрачја и во овие делови ќе има појава на пороен дожд, локално со умерен интензитет и грмежи.
До крајот на денот краткотраен пороен дожд со грмежи ќе има и во делови од скопското подрачје.