Последен ден за поднесување на Годишна даночна пријава
Денеска (15 март) е последен ден за поднесување на Годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година.

Според последните податоци, поднесени се вкупно 334,360 пријави. Во текот на вчерашниот и денешниот ден се очекува уште околу 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.
Потсетуваме дека пријавите освен на даночните шалтери, можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk за регистрираните корисници на електронските даночни услуги, соопштуваат од УЈП.
Законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи која се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.