Повреден Пакистанец пренесен во болница
10.09.2015 11:20
| KumanovoNews
Мигрант од Пакистан со повреда на главата ноќеска во 1 часот по полноќ е донесен во Кумановската болница.

Раната на главата му била нанесена од остар предмет. По укажаната лекарска помош повредениот е префрлен во Клиничкиот центар -Скопје. Лекарите го пријавиле случајот во полиција. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.