Повредено момче во ноќен клуб во Куманово
22.01.2018 10:55
| KumanovoNews
Д.Д. (23) од Куманово бил претепан додека со неговите другари престојувал во ноќен клуб во Куманово.

Инцидентот се случил вчера во 3 часот по полноќ, кога М.С. (23) од с.Умин Дол започнал расправија со момчето и почнал да му се заканува.
Потоа го фатил за вратот и со тупаница го удрил во пределот на лицето, а потоа уште неколку лица се нафрлиле врз него. Во еден момент Д.Д. почувствувал болка и крварење во пределот на десниот колк.
Повредениот е пренесен во Општата болница во Куманово каде му е укажана лекарска помош.
Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.