Пожар кај патарина Романовце
19.09.2015 10:25
| KumanovoNews
Сува трева вчера гореше кај патарината Романовце.

Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше на опожарена сува трева во близина на патарината Романовце, на магистралниот патен правец Куманово - Скопје од 15.20 до 16.35 часот. Интервенирано е со 1 возило и 4 пожарникари. Причините за појава на пожарот и зафатената површина не се познати.