Пожар на запалена сува трева во Романовце
15.09.2015 09:07
| KumanovoNews
Територијалната противпожарна единица Куманово во изминативе 24 часа бележи една интервенција на запалена сува трева во атарот на село Романовце.

Опожарената сува трева е со површина од околу 200 м2. Интервенирано е од 15 часот со 1 возило и 3 пожарникари. Пожарот е локализиран и завршен во 15.25 часот, а причина за појава на пожарот е човечки фактор.