×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати кандидатите за советници на коалицијата на СДСМ

    14.09.2017 07:29 | KumanovoNews

     Општинската организација на СДСМ, синоќа на конференција ги промовираше кандидатите за советници на престојните локални избори.

    Познати кандидатите за советници на коалицијата на СДСМ

     Покрај членовите на СДСМ на листата се и кандидати од коалиционите партии НСДП, ЛДП, Партија на пензионерите, Српската странка во Македонија, Српска напредна партија,  Алијанса на позитивна Македонија, ДОМ, Партија на Турците и граѓански активисти.

    На листата има 15 жени, доста млади и повозрасни кандидати. Разновиден е и составот на професии и занимања, но преовладуваат професори од основните и средни училишта, потоа правници, економисти, воспитувачки во градинка, доктор, ветеринар, директор, пензионер, земјоделец, бизнисмен и студент .

    Носител на листата е Атина Мургашанска, а по тоа следуваат Томица Илиќ, Благојче Јаќимовиќ НСДП, Ивица Костовски ЛДП, Соња Тодоровска, Владимир Павловски, Милена Строимановска, Самет Салиевски, Хана Џемаили, Миле Андоновски, Партија на пензионери, Александра Андоновска, Сашо Милковски АПМ, Ивана Николиќ, Ана Ангеловска, Саша Арсиќ, Олгица Вељковиќ ДОМ, Фросина Стојановска, Ердоган Алиевски, Светлана Николиќ, Маријана Додевска, Мевљан Имери, Бојан Николовски, Тања Јакимовска, Александра Николиќ, Иван Миладиновски, Вилијам Бојковски, Татјана Димитриевска, Маријан Рашевски, Александар Спирковски, Сашо Тодоровски и Матеја Ефремовска, граѓански активист. Недостасуваат кандитатите на двете српски партии.

    Делегатите на Општинската конференција на СДСМ синоќа ги подржа предлозите за кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и  листата на советници - носител Атина Миргашанска, за престојните локални избори.

    Партиите до ноќеска на полноќ се должни да ги комплетираат листите и да ги предадат кандидатурите во Општинската изборна комисија (ОИК).