Пратениците ќе расправаат за законот за стечајци
19.09.2017 08:37
| KumanovoNews
Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, ќе се најде на денешната седница во Собранието на Република Македонија.
Законот е поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство, а со него се очекува да се реши статусот на стечајците кои не беа опфатени со претходниот закон.
Во Куманово со овој закон ќе бидат опфатени околу 800 лица или околу 3000 во целата држава.
Доколку се донесе законот стечајците ќе добиваат по 7.596 денари месечен надомест.