Предавања во Старо Нагоричане за злоупотреба на дрога и алкохол
20.10.2015 09:43
| KumanovoNews
Основците од општина Старо Нагоричане следната недела ќе следат предавање на тема “Злоупотреба на дрога и алкохол“.

Предавањето го организира општина Старо Нагоричане во соработка со Завод за социјални дејности од Скопје, а со поддршка на ГИЗ програмата.
Вакви предавања се прават за прв пат во општината. Учениците од 8 и 9 одделение ќе се информираат за ризиците и последиците од злоупотреба на алкохол и дрога. Предавачите ќе бидат од Скопје - велат организаторите.
Предавањата во училиштата ќе се одржат на 26 и 27 октомври.