Предновогодишна акција во Алфи Техноцентар
Со мотото „Ајде да купуваме евтино“ започнува предновогодишната акција во Алфи Техноцентар, каде што ќе можете да најдете најразновидни производи по намалени цени до 50 отсто.

Во наредните четири дена, во салонот на Алфи Техноцентар за сите редовни потрошувачи овозможени се попусти од 40 проценти на професионалниот алат „Метабо“, до 32 % попуст на Беко вградна техника, 15 % намалување на целиот Вокс асортиман и 10 % на сите Горење производи.
Во овој период од годината имаме голема понуда на новогодишните елки, сет лампиони и се што е потребно за украсување на вашиот дом, по најповолни цени во градот.
„Во предходниот период имавме две одлични акции и многу задоволни потрошувачи. Наредните четири дена организираме предновогодишен попуст, кој ќе биде најава за следното намалување на цените, кое ќе се реализира до крајот на годината. Се надевам дека потрошувачите ќе го пронајдат својот производ по одлична цена и во следните акции“ - изјави Филип Серафимовски, директор во салонот.
Во четврток и недела со секоја сметка над 599 денари следува гратис оброк.