Прегазено дете кај Автобуската станица
06.09.2017 09:54
| KumanovoNews
Десетгодишно дете е префрлено на скопските клиники, откако синоќа било тешко повредено во сообраќајна несреќа, кај Автобуската станица во Куманово.

Според полицијата, синоќа во 20 часот на улицата „Доне Божинов“ во близина на крстосницата со улицата „Тодор Велков“, додека детето се движело по улицата во него удрил автомобил Опел со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.О.(30) од Куманово .
Детето е пренесено во Кумановската болица и по укажаната помош е префрелено на една од скопските клинини.
СВР Куманово изврши увид на лице место.