×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Премиера на претставата „Нашата Коштана“ во изведба на учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“

    12.05.2022 13:50 | Сузана Николиќ

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 20.30 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Нашата Коштана“ по текст  на Дијана Димковска, во режија на професорката по македонски јазик Соња Тодоровска, а во изведба на учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ - Куманово.

    Премиера на претставата „Нашата Коштана“ во изведба на учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“

    „Целта е гимназијалците да ги победат стереотипите, да го пронајдат вистинскиот пат на љубовта, со што  приказната ќе ја претстават во едно ново поинакво светло, всушност од нов агол на денешницата. Претставата се подготвуваше 3 месеци, вложен е многу труд и енергија од вљубениците во драмската уметност,  коишто ја оживеаја вонвременската приказна за Коштана“, вели Тодоровска, која е менторка на проектот.

    Во представата "Нашата Коштана" играат:Коштана: Анастасија Филиповска,Стојан: Христијан Јовановски,
    Митке: Марио Стефановски, Газда Тома: Матеј Кузмановски, Арсо: Михаил Мишевски, Стана: Мила Станоевска,
    Васка: Евгенија Милевска, Коцана: Теона Тодоровска, Магда: Тамара Петровска, Ката: Ања Додевска,
    Ленче: Сара Младеновска, Марко: Никола Јосимовски, Полицаец 1: Христијан Митевски, Полицаец 2: Иван Арсиќ, Гатачка: Катерина Кипријановска, Јоле: Милош Кировски, Тета Бибе: Леонтина Николовска,
    Комшика Цаци: Јована Цветковска, Кмет: Лука Цветковиќ, Салче: Маја Ристиќ.

    „Коштана“ е драма на српскиот писател Борисав Станковиќ, која се случувала во старо Врање. Таа е една од најчесто играните и најгледаните претстави во српските театри.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk