„Премиера во сабота“ на репертоарот на “Денови на комедија“
06.10.2015 09:10
| KumanovoNews
Прилепскиот театар утревечер во 20 часот ќе ја изведе комедијата “Премиера во сабота“ во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, во рамки на фестивалот “Денови на комедија Куманово 2015“.

Режијата е на Коле Ангеловски, а во претставата играат: Трајче Иваноски, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Катерина Чакмакоска - Клинческа, Марјан Чакмакоски, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Најдо Тодески, Даниела Иваноска, Андон Јованоски-Аша, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски, Марија Спиркоска - Илијеска и Јасмина Мицоска - Станкоска.