Претставата “Идиоти“ во Кочани
28.10.2015 10:41
| KumanovoNews
Кумановскиот театар со претставата “Идиоти“ вечерва ќе гостува во Кочани.
Во Центарот за култура “Бели мугри“ во 19 часот ќе биде прикажана комедијата работена според едночинки на Муза Павлова, а во режија на Мирослав Петковиќ. Во “Идиоти“ играат Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Владо Дојчиноски и Марко Трајковиќ.
“Нема некој повод за нашето гостување во Кочани, едноставно тоа е град каде нема професионален театар и ќе им овозможиме на граѓаните да ја погледнат претставата. Следното гостување на “Идиоти“ ќе биде во Кавадарци. Во Куманово комедијата побуди интерес, имаше публика, салата беше полна, се бараше билет повеќе“ - велат од театар Куманово.
“Идиоти“ во Куманово ќе игра на 2 и 3 ноември со почеток во 20 часот.

