Мени

Пријава за пустошење шума во Мгленце

19.07.2018 12:34 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.А.(60) од село Мглинце, Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело пустошење шума.

Пријава за пустошење шума во Мгленце

Во текот на 2016 и 2017 година во атарот на село Мглице, пријавениот, спротивно на решението од ЈП  “Македонски Шуми”,  од парцели во негова сопственост и на неговиот татко, извршил бесправна сеча на 102 м3 мешовити огревни дрва, со што на буџетот на Р.Македонија предизвикал материјална штета од 714.700 денари.