Пријави за насилниците што натепале девојче
27.09.2017 18:35
| KumanovoNews
Кривична пријава против Е.З.(19) од с.Лојане, општина Липково и против Ш.Р.(19) од с.Черкези, кумановско, поднесе полицијата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Пријавените, на 07. септември околу 12.50 часот, во дворот на општинското основно училиште „Наим Фрашери“ во Куманово, по вербална расправија, физички ја нападнале А.А.(18) од Куманово, при што и нанеле видливи повреди во пределот на главата и ногата.