×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријавување за бесплатни обуки за ИТ вештини за невработени лица

    30.01.2018 12:18 | KumanovoNews

    Од минатата недела започна пријавувањето на невработени лица за бесплатни обуки за стекнување напредни вештини од областа на информатиката.

    Пријавување за бесплатни обуки за ИТ вештини за невработени лица

    Кандидатите можат да аплицираат за учество за програмските пакети: ORACLE – официјална обука за Java SE8 Programmer или ISTQB – официјална обука за тестери за квалитет на софтвер.

    Обуките за напредни ИТ вештини ќе се спроведуваат во секој регион каде има минимум 10 (десет) пријавени и успешно положени кандидати во процесот на прелиминарна селекција. Обуката ќе трае од 3 до 6 месеци, вклучувајќи настава со користење на официјална литература, подготовка на кандидатите за сертификација и спроведување на испити за стекнување со меѓународно признат сертификат.

    Кандидатите треба да имаат завршено средно или високо образование и да бидат евидентирани како невработени лица.

    Пријавувањето е во Агенција за вработување Куманово, a огласот ќе биде отворен сè до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати.