×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притвор за двајца кумановци кои се осомничени за разбојништво во Долно Којнаре

    24.09.2022 10:32 | Сузана Николиќ

    Триесетдневен притвор добија двајца куманоци кои биле затекнати во кражба од сопствениците на куќа во во селото Долно Којнаре.

    Притвор за двајца кумановци кои се осомничени за разбојништво во Долно Којнаре

    Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, на возраст од 41 и 34 години, донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека двајцата соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 238 став 4 во врска став  од Кривичниот законик.

    „На 21 септември, осомничените, затечени во кражба во кумановско Долно Којнаре, употребиле закана и сила дека ќе нападнат врз животот и телото на две лица. Од гаража во дворот на една куќа одзеле бакарна прскалка, но биле затекнати од сопственикот и неговиот син. Во обид да побегнат, еден од осомничените извадил нож со кој се заканиле на оштетените, но тие успеале да ги совладаат и да ги задржат до доаѓањето на полицијата“, соопштува ОЈО.

    Со оглед на тоа што и двајцата осомничени се претходни сторители на други слични кривични дела, па постои јасен ризик да го повторат делото или да се дадат во бегство, како и опасност да се обидат да влијаат врз сведоците/оштетените, јавниот обвинител достави предлог да им биде определен притвор.