Приведен Германец - предизвикал тепачка
20.02.2018 11:59
| KumanovoNews
Во Полициската станица Куманово, синоќа во 21.15 часот приведен е Б.Б.(28) од Сојузна Република Германија, поради пријавено нарушување на јавен ред и мир.

Странецот предизвикал тепачка со елементи на кривично дело „насилство“, како и поради сторен прекршок по член 139 од Закон за странци.
Тој бил задржан за понатамошна постапка пред надлежен суд.