Приведен кумановец за доиздржување затворска казнa од три години
16.10.2020 08:09
| KumanovoNews
Врз основа на судска наредба полицијата вчера во 21.45 часот го привеле Ф.З.(26) од Куманово заради доиздржување на казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

За него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено за сторено кривично дело по член 418 и по член 131 од Кривичниот законик.