Приведена девојка од Крива Паланка, спречувала заловување на добиток кај „Калин камен“
21.05.2026 15:35
| KumanovoNews
Дваесет и осумгодишна жителка на Крива Паланка била приведена откако спречувала вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток кај местото викано „Калин камен“.
Како што информираат од МВР, на 20 мај 2026 година во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава.
Таа била приведена во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.