×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени четворица кумановци за насилство во дискотека во Охрид

    06.08.2018 08:46 | KumanovoNews

    Охридската полиција приведе и од слобода лиши четири лица (две машки и две женски лица) од Куманово, поради нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено вчера утрово околу 03.30 часот во дискотека во Охрид.

    Приведени четворица кумановци за насилство во дискотека во Охрид

    Приведени биле Б.С.(21), С.С.(19), М.К. (20) и Б.С.(27) кои од ВИП ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на подиумот, а по кратко време еден од нив почнал да фрла со шишиња кон присутните. И покрај реакциите од гостите и од обезбедувањето на дискотеката, приведените продолжиле да фрлаат шишиња, а во еден момент се обиделе и физички да го нападнат работникот на обезбедувањето.

    Со интервенција на полициските службеници, спречено е нарушувањето на јавниот ред и мир и против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.